МЕБЕЛ
Кога станува збор за производство на мебел за лаборатории, како долгогодишен дистрибутер на водечки производители на лабораториска опрема, многу добро ги знаеме специфичните барања на лабораториската средина.
Директното искуство на опремување на нашите сопствени лаборатории ни овозможува единствена перспектива и знаење за тоа што е навистина важно при планирање и изработка на квалитетен и функционален мебел. Ги разбираме предизвиците со кои се соочуваат лабораториите и знаеме како да ја прилагодиме ергономијата и организацијата на мебелот и да создадеме безбедна работна средина која ја подобрува продуктивноста и ефикасноста.