БЕЗБЕДНОСТ И КОНТРОЛА НА ХРАНАТА

Опремата за анализа и контрола на храна и прехрамбени производи е од суштинско значење за безбедноста на храната, усогласеноста со регулаторните стандарди и обезбедување на квалитет на производите.

Преку употреба на напредни технологии и техники, научниците и експертите во прехранбената индустрија и лабораториите за анализа и контрола можат подобро да го разберат составот, да ги идентификуваат потенцијалните ризици и да го подобрат квалитетот на производот.

Продажната програма на Групацијата Лабена за контрола на храна и прехрамбени производи вклучува комплетни решенија за анализа на храна и микробиологија, вклучувајки :

  • NTIR и FTIR хемиска анализа на различни примероци (вино, пиво, млеко и млечни производи, житарки, месо и месни производи, добиточна храна, маслиново масло)
  • Класична хемиска анализа за определување на протеини, масти и влакна
  • Линиски и преносни MAP пакет анализатори (Modified Atmosphere Packaging).
  • Детектори за истекување на линија и десктоп MAP пакување
  • Мерачи за активност на вода во различни примероци
  • Анализатори на токсини, антибиотици и пестициди
  • Микробиологија на храна и вода

ОПРЕМА ЗА НАУЧНО ИСТРАЖУВАЊЕ

Опремата за научно истражување претставува основа за иновации и откривање во академските и научните институции, како и во фармацевтските компании. Овие најсовремени инструменти се клучни за многу важни полиња, вклучувајќи откривање на нови третмани, проучување на гени и протеини, разбирање на клетките и проучување на просторната биологија. Нивното значајно влијание врз истражувањето, здравствената заштита и медицинскиот напредок ја нагласува нашата посветеност за унапредување на науката и подобрување на здравствената заштита.

Терапевтскo Откритие и развој

  • Работен тек на клеточна и генска терапија
  • Работен тек на развојот на вакцината

Геномика и генска експресија

  • PCR
  • qPCR
  • ddPCR

Клеточна биологија и биохемија

  • Работен тек за откривање на Биомаркери (Biomarker Discovery Workflow)

Протеомика и прочистување на протеини

  • Електрофореза на протеини (Protein Electrophoresis)
  • Сепарација, трансфер и анализа на протеини (Separation, transfer,and Аalysis of proteins)
  • Сликање и анализа (Imaging &Analysis)
  • Методи и инструменти за хроматографија на колона (Column chromatography methods and instrumentation)

Секвенционирање на една клетка

  • Експресијата на гените на една клетка (Single Cell Gene Expression)
  • Имунопрофилирање на единечни клетки (Single Cell Immune Profiling)
  • Едноклеточно епигеномско профилирање (Single Cell Epigenomic Profiling)
  • Експресија на едноклеточен протеин (Single Cell Protein Expression)

Visium Просторна биологијa

  • Просторна генска експресија во FFPE примероци (Spatially gene expression in FFPE samples)
  • Просторна генска експресија за свежо замрзнато ткиво (Spatial Gene Expression for Fresh Frozen Tissue)
  • Просторна генска експресија со имунофлуоресценција (Spatial Gene Expression with Immunofluorescence

МЕДИЦИНСКИ ПРОГРАМИ

Во согласност со мисијата на Лабена и фокусот на иновациите, Групацијата Лабена континуирано го следи развојот на медицински програми и дијагностички процедури кои можат да помогнат во рано откривање на болести и состојби, што овозможува побрзо и поефикасно лекување.

Новите дијагностички програми и тестови користат напредни технологии и овозможуваат подобро разбирање на индивидуалните карактеристики на пациентот и персонализиран пристап кон лекувањето, што долгорочно влијае на намалување на трошоците за здравствена заштита.

ВЕТЕРИНАРНИ ПРОГРАМИ

Ветеринарните програми на Лабена вклучуваат напредни дијагностички решенија кои им овозможуваат на ветеринарите да дијагностицираат и  идентификуваат потенцијални здравствени проблеми и да  спроведат сеопфатни проценки за  здравјето на животните побрзо, поедноставно и поефикасно.

Понудата вклучува широк спектар на анализатори, реагенси, панели и тестови прилагодени за употреба во ветеринарни лаборатории.

КЛИНИЧКА ЛАБОРАТОРИСКА ДИЈАГНОСТИКА

Клиничките лаборатории обезбедуваат широк спектар на лабораториски процедури во клиничката хемија, лабораториската хематологија и коагулација, лабораториската имунологија и молекуларната дијагностика и се незаменлив сегмент на современата медицина.

Без оглед на предизвиците со кои секојдневно се соочуваат, основната цел и мисијата  на сите клинички лаборатории не се променија со текот на  годините и: обезбедување на висококвалитетни лабораториски дијагностички тестови кои се почетна точка во откривањето, лекувањето и излекувањето на пациентите.

Преку соработка со врвните светски добавувачи на опрема, Лабена може да им помогне на клиничките лаборатории преку сеопфатна услуга за консултации и набавка на опрема, како и поддршка за апликации и услуги во областите:

  • Хематологија
  • Клиничка Хемија
  • Трансфузиона Медицина
  • Клиничка Микробиологија
  • Патологија, Цитологија и Хистологија
  • Клиничка Молекуларна Биологија
  • Хемостаза
  • Проточна Цитометрија во Клиничката пракса
  • Имунохемија

НАУКА ЗА МАТЕРИЈАЛИ

Истражувањето на материјалите е мултидисциплинарно поле чија главна цел е да се разбере како функционираат материјалите на атомско и молекуларно ниво и како да се применат во различни индустрии и технолошки сектори.

Развојот на нови материјали со подобрени својства како што се цврстина, отпорност на абење, спроводливост или отпорност на екстремни еколошки услови е исклучително важен за развојот на идните технологии и значително придонесува за одржливиот развој, помагајќи да се создадат материјали кои се поеколошки и поодржливи со ресурси .

Доколку Ви се потребни научни, аналитички или индустриски инструменти, дијагностички решенија и системи од областа на истражување на материјали на молекуларно ниво, производната програма на Лабена вклучува опрема од реномирани светски производители на висококвалитетни системи и аналитички инструменти, за кои нашите стручни тимови можат да обезбедат  поддршка за апликации, сервис и нивно одржување.

ЛАБОРАТОРИСКИ ПОТРОШЕН МАТЕРИЈАЛ И ОПШТА ОПРЕМА

Секоја лабораторија, без разлика на нејзината специјалност, се потпира на  широк спектар на општа лабораториска опрема за успешно извршување на секојдневните активности.

Без разлика дали се работи за истражување на полето на протеини, клеточна култура, воздух, вода, почва или анализа на крв, општата лабораториска опрема ја формира основата за истражување и експериментирање во лабораториски средини. Кога се набавува таква опрема,важно е да се земат во предвид димензиите, капацитетот и преносливоста за да се исполнат Вашите специфични лабораториски барања и да се обезбеди правилно одржување и калибрација на опремата.

Со долгогодишно искуство во областа на лабораториски набавки и опрема, како и секојдневна употреба во сопствени лабораториски капацитети, Лабена може да и понуди на Вашата лабораторија широк спектар на општа лабораториска опрема, вклучувајки :

  • Пипети и микропипети
  • Типсови
  • Центрифуги
  • Шејкери
  • Стерилизатори
  • Автоклави
  • Ваги
  • Лабораториски системи за прочистување на водата (тип I, II и III)
  • Микроскопи
  • Потрошен материјал
  • Безбедносна опрема
  • Фрижидери и замрзнувачи
  • Инкубатори