ФУНКЦИОНАЛНОСТ | КВАЛИТЕТ | МОДУЛАРНОСТ | БЕЗБЕДНОСТ

Кога станува збор за производство на лабораториски мебел, како долгогодишен дистрибутер на водечки производители на лабораториска опрема, во Групацијата Лабена развивме длабоко разбирање за специфичните барања на лабораториската средина.

Директното искуство во опремување на нашите сопствени лаборатории ни овозможува исклучителен увид и разбирање на клучните размислувања во дизајнот и конструкцијата на висококвалитетен  и функционален мебел. Ги разбираме предизвиците со кои се соочуваат лабораториите и знаеме како да ја прилагодиме ергономијата и организацијата на мебелот и да создадеме безбедна работна средина која ја зголемува  продуктивноста и ефикасноста.

Со цел да им обезбедиме на нашите клиенти целосно персонализирании прилагодени  услуги за консалтинг, дизајн и производство на мебел, основавме  посебна компанија во рамките на Групацијата, Kvadrilab d.o.o., чија основна дејност е производство на висококвалитетен и долготраен мебел кој ќе одговара на потребите на лаборатории, медицински установи, истражувачки институти и образовни институции.

Зошто ни го доверувате производството на лабораториски и друг мебел?

  • Тимот на Лабена поседува експертиза и искуство во областа на лабораториската опрема, со практично искуството во нашите сопствени лаборатории кои ни помагаат да дизајнираме функционални и ергономски работни простори.Ова вклучуваприспособени работни столчиња, кабинети и работни побршини кои се приспособени на специфични работните задачи за да се намали ризикот од повреди и замор.
  • Ние создаваме приспособени решенија усогласени со барањата на лабораториските процедури, ефикасноста на работата и безбедноста. Безбедноста е од големо значење кога станува збор за лабораториските операции. Мебелот Лабена е изработен од висококвалитетни материјали отпорни на хемикалии, алкалии, механички оштетувања, високи и ниски температури и корозија.Вклучува и вградени безбедносни карактеристики како што се системи за заклучување, површини против лизгање и заштита од протекување или излевање. Посветуваме големо внимание на усогласеноста со сите сертификати и стандарди, избирајки висококвалитетни материјали и фитинзи за долгорочно и безбедно функционирање на мебелот во согласност со сите еколошки стандарди.
  • Тимот на Лабена обезбедува комплетни решенија, од идеи и насоки во процесот на селекција, преку дизајн и производство до техничка поддршка за монтажа и одржување на мебел. Ова се однесува на лаборатории, болници,како и универзитети, институции или компании.
  • Едноставноста на склучување договори и набавки – соработката со стручниот тим на Лабена го олеснува процесот на набавка на мебел. Без разлика на големината на вашата институција, компанија или лабораторија, Лабена функционира како централизиран центар за набавки за сите ваши потреби, значително поедноставувајки ги административните процеси поврзани со набавки и олеснувајки ја  комуникацијата и нарачката

РЕФЕРЕНТНА ЛИСТА

Sveučilište u Zagrebu Agronomski fakultet
Medicinski fakultet Osijek
Institut za antropologiju – Zagreb
Vodoopskrba i odvodnja Zagrebačkog Holdinga
BIA SEPARATION CRO, LJUBLJANA
Vindija, Ljubljana
Sano Hrvatska, Popovača
Sveučilište Sjever
Opća županijska bolnica Vukovar
RED LAB d.o.o. Buje
Ministarstvo unutarnjih poslova Republike Hrvatske
Ljekarne Slavonski Brod
Biotehniška fakulteta, Univerza v Ljubljani
Medicinski fakultet, Sveučilište u Zagrebu
MIRTA-KONTROL d.o.o.
SHIMADZU d.o.o.
Klinička bolnica "Sveti Duh"
Nastavni Zavod za javno zdravstvo Splitsko - dalmatinske županije
SGS d.o.o.
PANON TRADE d.o.o.
Institut Jožef Stefan – Ljubljana
Ljekarna Splitsko dalmatinske županije
Pomorski fakultet – Split
Ljekarne Splitsko-dalmatinske županije
Sveučilište u Splitu
KBC “Sestre milosrdnice”
Institut Jožef Stefan – Ljubljana
Hrvatska agencija za poljoprivredu i hranu
Poljoprivredni institut Osijek
Zavod za javno zdravstvo Andrija Štampar
Farmaceutski fakultet Zagreb
Centar kompetencija 3LJ – Trilj
Creaticon d.o.o.
Labena SLO
Labunica d.o.o.
BIAgenetics
BIASeparations CRO