Ирена Лемут Чех

Основачот, сопственикот и директорот на компанијата Лабена Групацијата, Лабена ДОО, Ирена Лемут Чех, ја основа компанијата  во 1993 година во Љубљана и продолжува успешно да управува со неа и денес. Од основањето на компанијата, Ирена стратешки го развиваше бизнисот преку воведување нови технологии, нови производи и услуги, проширување на нови пазари (Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Србија) и стекнување и развој на истражувачки лаборатории во рамките на Групацијата. Ирена е добитник на наградата на Економското здружение на Словенија за исклучителен придонес во стопанството. Фокусирана на постојаното подобрување на работењето и управувањето со ресурсите на Групацијата, Ирена ја живее својата визија за создавање силен меѓународен тим од експерти чија цел е да ги трансформираат идеите во откритија.