
ЛАБЕНА ГРУПАЦИЈА
Лабена Групација е семејна компанија со седиште во Словенија и филијали во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Црна Гора.
Основана во 1993 година, Лабена го започна своето деловно патување како компанија за продажба и сервисна подршка на високо специјализирана лабораториска, производствена и процесна опрема што се користи во фармацевтската и прехранбената индустрија, како и во индустријата за истражување на материјали, истражувачките институти и академската заедница.
До денес Групацијата Лабена се разви во брзорастечка и агилна организација со следните главни дејности:
- Одееление за дистрибуција,сервисирање и апликативна и системска подршка за лабораториска опрема
- Организација за Истражување и Развој на (био)фармацевтската и биотехнолошката индустрија
- Консултации и дизајн на лабораториски и комерцијални ентериери, вклучувајки (дизајн), производство и монтажа на мебел
- Корпоративен акцелератор Labena Ventures
На патот кон развој на бизнисот, во 2016 година, Лабена се здоби со лабораторија за договорна истражувачка организација CRO (Contract Research Organization), сертифицирана за добра производна пракса (GMP) и акредитирана од Европската агенција за лекови (EMA) и Американската агенција за храна и лекови (Food and Drug Administration, FDA).
Во времето на стекнувањето, лабораторијата имаше вкупно 12 вработени и се состоеше од Аналитичка лабораторија фокусирана на дизајнирање и развој на протоколи за производство на лекови и аналитички испитувања на активни фармацевтски состојки и генерички лекови и нивната усогласеност со Eвропската и Aмериканската фармакопеја. Денес во лабораторијата работат 55 вработени, од кои повеќе од 20 се доктори на науки.